Пресечки манастир

Координати: 41°59′11.3″N 22°28′55″E / 41.986472° СГШ; 22.48194° ИГД / 41.986472; 22.48194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресечки манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеПресечки манастир
Други имињаМанастир „Свети Харалампиј“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Харалампиј
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Св. Харалампиј“
Личности
Место
МестоПресека, Општина Кочани Македонија Македонија
Координати41°59′11.3″N 22°28′55″E / 41.986472° СГШ; 22.48194° ИГД / 41.986472; 22.48194
Видливи остатоциедна црква, параклис, конак, трпезарија, летниковец
Отворен за јавностада
Други информации(Оризарска парохија)

Пресечки манастирманастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во селото Пресека.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот била изграден во текот на 1870-тите години. Во 2011 година, манастирот започнал да се обновува со средства прибрани од приватни претпријатија и верници, а притоа бил реконструиран кровот на манастирската црква, поправен бил конакот, а уредена била и околината.[2]

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, конак, трпезарија и летниковец.

Црква „Свети Харалампиј“[уреди | уреди извор]

Црквата е изгадена во карпа. Таа има правоаголна основа со осумаголна купола и мала апсида на источната страна.

Параклис[уреди | уреди извор]

Параклисот е сместен над манастирската црква, а од неговата страна има летниковец. Изграден е од бетонски тули и однадвор е варосан. Во неговата внатрешност има чешма, висечка полица со предмети и три слики, од коишто на едната е прикажана Богородица со Исус, на втората е претставена Тајната вечера, а на третата Исус.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 30. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Се реновира манастирот „Св.Харалампиј“ во кочанското село Пресека“. Идивиди. 22 јуни 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]