Црква „Св. Харалампиј“ - Пресека
Изглед
Свети Харалампиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Кочанско |
| Парохија | Оризарска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°59′10.6″N 22°28′54.6″E / 41.986278°N 22.481833°E |
| Место | Пресека |
| Општина | Кочани |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Харалампиј |
| Завршено | 1870-ти |
| Архитектонски опис | |
Свети Харалампиј – манастирска црква на Пресечкиот манастир.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена заедно со манастирот во текот на 1870-тите година. Со обновувањето на напорите коешто започнало во 2011 година бил реконструиран нејзиниот кров.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во карпа. Таа има правоаголна основа со купола и мала апсида на источната страна којашто речиси се допира со карпа. Куполата е осумаголна и на четирите главни страни има по еден правоаголен застаклен прозорец. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, од каде што до внатрешноста води голема дрвена врата. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела и боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот влез
- Споредниот влез
- Куполата
- Апсидата
- Кровот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 30. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Се реновира манастирот „Св.Харалампиј“ во кочанското село Пресека“. Идивиди. 22 јуни 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Харалампиј“ - Пресека на Ризницата ?


