Клен (риба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Клен)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Речен клен
Döbel Hochrhein10.JPG
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперкиж
Ред: Крапообразни
Семејство: Cyprinidae
Род: Squalius
Вид: S. cephalus
Биномен назив
Squalius cephalus
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Leuciscus cephalus (Linnaeus, 1758)

Речниот клен или Leuciscus cephalus е слатководна риба од фамилијата на краповидни риби. Тој е чест како во бавните, така и во среднобрзите реки, како и во канали и различни типови на мирни води низ Европа.

Прекриен е со крупни крлушки, со синозеленикав, темнозелен, кафеаво-зелен, темносив до црн грб, зеленкасто-сребренкасти или жолто-златни страни, бел блескав стомак и портокалови до црвеникави перки. Главата има изразито широко чело, а устата е голема со задебелени усни.

Опис и материјали[уреди | уреди извор]

Кленот има долго и силно тело, со должина од 50 cm, со голема глава поголема уста со која ја вшмукува храната. Бојата на телото му преминува од нијанса од темнозелена преку сива до потполно црна, а опашниот дел му е сребрен, стомакот бел. Кај постарите примероци стомакот, повремено добива портокалова боја. Нараснува до маса од 2 kg.

Хабитат[уреди | уреди извор]

Клен е риба која живее во средна брзина на течение, бистра, чиста, и во ниски делови брзи теченија, во длабоки вирови и на места со тврдо каменито дно. Тој спаѓа во шарански врсти на риби, го населува скоро целиот европски континент освен скандинавското подрачје,а како изнвондредна врста се наоѓа и во Балтичкото море.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]