Ристо Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ристо Војдинов Петрески (1921 во Требеништа, Охридско — 21 февруари 1944 во Ореше, Велешко) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ристо Војдинов Петрески е роден во 1921 година во селото Требеништа. Се занимавал со земјоделство. Во движењето се приклучува меѓу првите од ова село. Доброволно стапува во редовите на НОБ на 8 септември 1943 година, во составот на Првиот македонски баталјон Мирче Ацев. Како борец на Првата македонско-косовска ударна бригада учествува во Богомилскиот поход и кај местото Ореше загинува на 21 февруари 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)