Мито Златаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мито Златаноски (Лактиње, Охридско, 20 октомври 1946- Скопје, 13 декември 2016) беше македонски електо-инженер, редовен професор и продекан на ЕТФ во Скопје[1].

Биогрфија[уреди | уреди извор]

Златаноски е роден во охридското село Лактиње на 20 октомври 1946 година. Постдипломските студии на Електротехничкиот факултет во Скопје ги завршил во 1977 година. Со академски степен доктор на електротехнички науки се стекнал во 1992 година. Тој е раководител на Институтот за ЕЦРП, на лабораторијата за релејна заштита, на Центарот за техничка заштита и претседател на Студискиот комитет за разводни постројки. Дал прилог кон методите за анализа на ризиците од несреќи во ЕЕ постројки и околината. Добитник е на златна плакета за заслуги на полето на инвентивната дејност, пронаоѓаштвото и ширењето на научно-техничкото творештво во Македонија за 1986 година.

Починал на 70 годишна возраст на 13 декември 2016[2]. Ќе остане запаметен како почитуван професор меѓу своите студенти и колеги професори на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Златаноски е автор и соавтор на трудови во списанија и зборници од советувања, на студии, анализи, АП и НИП. Соавтор на средношколски учебник.

  • "Методи за пресметка на апериодичната компонента на струјата на куса врска", ментор Проф. д-р. Д. Грчев. (магистерски труд)
  • "Ризик од несреќи во високонапонски разводни постројки", ментор Проф. д-р. Ј. Нахман, Електротехничкиј факултет - Белград. (докторската дисертација)
  • Ризик од фатален удар во дистрибутивни трафостаници (соавтор д-р Јован Нахман)
  • Анализа на куси врски предизвикани од зголемување на моќноста на турбогенератор во РЕК - Битола[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Билтен на Универзитетот ,Св. Кирил и Методиј’ – Скопје“, бр. 814, октомври 2002.
  2. https://www.facebook.com/feit.ukim.edu.mk/photos/pb.213127795365125.-2207520000.1481761226./1588937907784100/?type=3&theater
  3. „Трудови“. Посетено на 2009-12-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]