Ѓорѓија Најдоски
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ѓорѓија Најдоски | ||
| Роден | 18 февруари 1942
Лактиње, Кралство Албанија | |
|---|---|---|
Ѓорѓија Најдоски — македонски поет, раскажувач и романописец.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Најдоски е роден на 18 февруари 1942 година во Лактиње, Охридско, односно во тогашното Кралство Албанија, во времето на окупацијата во Втората светска војна. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој е доктор по политички науки. Тој работел во Културно-информативниот центар во Скопје. Тој станал член на ДПМ во 1967 година.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- „Крвоболие“ (поезија, 1967)
- „Оклетија“ (поезија, 1973)
- „Дејан“ (роман, 1974)
- „Потонати океани“ (поезија, 1975)
- „Сказна за бронзеното срце“ (сказна за млади, 1977)
- „Патот, додека трае“ (поезија, 1985)
- „ВМРО (Об.) и журналистичката дејност на Димитар Влахов“ (научен труд, 1987)
- „Црвената песна на славејот“ (романизирана биографија за К. Абраш, 1988)
- „Ветар во градите“ (роман за млади, 1990)
- „Националната улица“ (роман, 1997)
- „Информативниот систем на Македонија“ (научен труд, 1999)
- „Осаменици“ (раскази, 2000)
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 171.