Прејди на содржината

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Никодин

Координати: 41°26′16.8″N 21°44′33.2″E / 41.438000° СГШ; 21.742556° ИГД / 41.438000; 21.742556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°26′16.8″N 21°44′33.2″E / 41.438000° СГШ; 21.742556° ИГД / 41.438000; 21.742556
Место Никодин
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Рождество на Пресвета Богородица
Изградба 25 ноември 1987
Осветување 17 октомври 2010
Архитектонски опис

Рождество на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Никодинскиот манастир.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен од страна на митрополитот на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар на 25 ноември 1987 година, а истата била осветена од негова страна на 17 октомври 2010 година во присуство на бројно свештенство од Прилепското архијерејско намесништво и верници.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида на источната страна. Куполата е осумаголна и на секоја втора страна има по една монофора, а на останатите страни по една слепа ниша. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има плоча со натпис на името на црквата, а над плочата има ниша со фреска на која е прикажано рождеството на Богородица Марија. Спореден влез има и на јужната страна, кој се наоѓа веднаш по полукружното крило. На јужниот и северниот ѕид има неколку монофори. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 21. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин“. OldPrilep. 28 февруари 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]