Никодински манастир

Координати: 41°26′16″N 21°44′33″E / 41.43778° СГШ; 21.74250° ИГД / 41.43778; 21.74250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Никодински манастир
Дворот на манастирот
Информации
Целосно имеНикодински манастир
Други имињаМанастир „Рождество на Пресвета Богородица“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наРождество на Пресвета Богородица
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Рождество на Пресвета Богородица“
Црква „Св. Троица“
Личности
Место
Местово близина на Никодин, Општина Прилеп Македонија Македонија
Координати41°26′16″N 21°44′33″E / 41.43778° СГШ; 21.74250° ИГД / 41.43778; 21.74250
Видливи остатоцидве цркви, конак, помошна зграда
Отворен за јавностада
Други информации(Плетварско-беловодичка парохија)

Никодински манастирманастир во областа Раец, во средишниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на падините на планината Бабума, меѓу врвовите Јасенова Глава и Ножот, на околу 3 км југоисточно од истоименото село Никодин.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот е изграден околу старата црква „Св. Троица“, која е првиот главен манастирски храм. Се претпоставува дека на местото на кое денес се наоѓа манастирот во време на отоманска власт постоел манастир кој бил метох на манастирот Трескавец. Според легендата, манастирот бил срушен од страна на отоманските власти, а седумте монаси биле заклани и оттаму околната месност го добила името „Калуѓере“.[1]

Манастирот подоцна бил обновен, но манастирската црква била мала, така што месните верници одлучиле да ја прошират старата манастирска црква. Во периодот од 1977-1981 година, манастирската црква била проширена и биле изградени и две придружни згради со помош на доброволни прилози од верниците. Манастирот за првпат бил осветен на 21 септември 1981 година од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.[1]

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак и помошна зграда. Во изградба е и камбанарија.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 25 ноември 1987 година, а истата била осветена на 17 октомври 2010 година.[1] Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источниот ѕид.

Црква „Св. Троица“[уреди | уреди извор]

Црквата била главен храм на првобитниот манастир.[2] Таа има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]