Црква „Св. Атанасиј“ - Никодин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Црква „Св. Атанасиј“ - Никодин 3.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба
Координати 41°26′34.5″N 21°43′49.9″E / 41.442917° СГШ; 21.730528° ИГД / 41.442917; 21.730528Координати: 41°26′34.5″N 21°43′49.9″E / 41.442917° СГШ; 21.730528° ИГД / 41.442917; 21.730528
Населено место Никодин
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Завршено 1935
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Атанасијцрква во селото Никодин.[1] Сместена е на самото сретсело.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1935 година врз темели на постара црква, а била живописана во 1943 година.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата претставува полукружно засводен еднокорабен храм со полукружна апсида на источната страна која содржи четири слепи ниши.[2] Поделена е на два дела, од кои западниот е понизок и во него е сместен влезниот простор, додека источниот е повисок и во него е сместен главниот молитвен простор. Главниот влез е сместен на западната страна и води кон претсобјето, а црквата има и спореден влез на јужната страна кој води директно до моливениот простор. Над обата влеза има ниша со фреска на кој е претставен Атанасиј Александриски. Влезниот простор содржи неколку отвори од надворешната страна по западниот и јужниот ѕид, како и два правоаголни прозорци покриени со решетки на јужната страна. Главниот дел содржи три монофори на јужната и две на северната страна.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда со две порти. Оградата од обете страни е варосана во бела боја. Од нејзината внатрешна страна, спроти западната страна на црквата има три ниши со фрески на Света Петка, Богородица со Исус и Исус. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата се наоѓа во северозападниот агол од дворот. Таа има квадратна основа и се издига над оградата. Нејзиниот долен дел е варосан во бела боја, додека горниот дел е отворен од сите страни.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 Црква „Св. Атанасиј“, село Никодин“. OldPrilep. 10 декември 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]