Страшо Ончев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страшо Ончевски - Шијаков.jpg
Роден 24 јануари 1933
Горно Чичево, Македонија
Занимање учител

Страшо Ончевски — македонски учител и автор на монографии за села во општината Градско.

Биографија[уреди | уреди извор]

Страшо Илиев - Ончевски (Шијаков) е роден е во село на 24 јануари 1933 година во велешкото село Горно Чичево во средно имотно семејство[1]. Основно образование завршува во Долно Чичево и Градско[1]. Потоа се запишува на Учителската школа во Скопје. По завршување на школата е назначен за учител во селото Подлес во училиштето Милан Тевчев, потоа во село Горно Чичево, а потоа е назначен за директор на основното училиште во Долно Чичево. Во 1964 година се доселува во Велес и работи како наставник во ОУ Васил Главинов. Со отворањето на улилиштето со целодневен престој „Блаже Конески“ повторно го менува своето работно место[1]. Во 1993 година се пензионира и продолжува активно да пишува.

Дела[уреди | уреди извор]

Негова прва книга е „Монографија за селата Горно Чичево и Подлес“ издадена во 1995 година. Исто така е автор на книгите „Монографија за селото Долно Чичево“ (1997) и „Сеќавања на минатото“ (2004), неговата автобиографија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ончевски, Страшо (1995) (на македонски). Монографија за селата Горно Чичево и Подлес. Велес: Графичар. стр. 89.