Мушанци
Мушанци — историско неготинско село во Повардарието, централна Македонија, денес во Општина Градско.
Географија[уреди | уреди извор]
Мушанци се наоѓало на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско на исток од него. Денес местото му припаѓа на атарот на с. Џидимирци (чиј атар е делумно во Општина Градско, но претежно во Општина Неготино).
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Мушанци било село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мушанци имало 400 жители, сите Македонци-муслимани.[1][2]
По Првата светска војна муслиманите се иселиле, а во селото се доселени српски колонисти, кои со свои средства откупуваат земја од атарот.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Mužanci) како турско село,[4] што несомнено е постаро сознание за потурченоста на неговите претходни жители.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Мушанци“ на Ризницата ? |
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
- ↑ Палешутски, Костадин (1983). Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 - 1941. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 27. Посетено на 30 януари 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
|