Крстосница
Kрстосница[1][2], раскрсница[3][4] или крстопат[5][6] — површина на која се крстосуваат или соединуваат два или повеќе јавни патишта, како и широка сообраќајна површина (плоштад и слично), што настанува со крстосување, односно со соединување на патишта.[7] Раскрсниците може да бидат на исто ниво (раскрсница со или без семафор и раскружница) и на различно ниво (надвозник, подвозник и клучка). Нивото на раскрсницата зависи од разликата во висина на патиштата кои се вкрстуваат на местото каде што се вкрстуваат.
Видови крстосници
[уреди | уреди извор]Постојат шест вида крстосници и тоа се:
- крстосница без семафори,
- крстосница со семафори,
- раскружница,
- надвозник,
- подвозник и
- клучка
Сите овие крстосници се разликуваат по ниво, безбедност, практичност и можности и трошоци за изградба. Покрај раскрсницитие во ниво главно се наоѓаат пешачки премини.
Крстосница без семафори
[уреди | уреди извор]Раскрсницата без семафори е најосновна, најнебезбедна, наједноставна и најбавна раскрсница. Првенство на минување се одредува со сообраќајни знаци, ознаки на патишта и сообраќајни правила (правила на „десната страна“ и „свртување лево“) или во вонредна ситуација ситуација врз основа на сигналот на сообраќајниот полицаец.
Крстосница со семафори
[уреди | уреди извор]На раскрсница со семафори сообраќајот го регулираат семафорите. Во случај на откажување на семафорот, сѐ е исто како на раскрсница без семафори. Регулирањето на сообраќајот може да го врши и полициско лице - сообраќаец.
Раскружница
[уреди | уреди извор]Раскружница е сообраќајна површина со централен остров во која сообраќајот се одвива во кружен тек и во насока спротивно на стрелките на часовникот во земјите каде сообраќајот се одвива по десната страна, и во насока на стрелките на часовникот во земјите каде сообраќајот се одвива по левата страна од коловозот.
Надвозник
[уреди | уреди извор]Надвозник е мост над вкрстувањето на две сообраќајници со кој едната сообраќајница, издигната над земјата, се преведува над другата која лежи на нивото на земјата.
Подвозник
[уреди | уреди извор]Подвозник е подземен премин за возила или луѓе под јавна сообраќајница.
Клучка
[уреди | уреди извор]Крстосница во два или повеќе нивоа во патниот сообраќај. Истата се смета за најбрз и најбезбеден вид крстосница.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „крстосница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „крстосница“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „раскрсница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „раскрсница“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „крстопат“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „крстопат“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА“ (PDF). Посетено на 15 декември 2021.