Јазирци
Јазирци | |
Координати 42°5′8″N 21°26′49″E / 42.08556° N; 21.44694° EКоординати: 42°5′8″N 21°26′49″E / 42.08556° N; 21.44694° E | |
Регион | Скопски |
Општина | ![]() |
Население | нема жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | |
Јазирци — историско село, сместено високо на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. Селото Јазирци се наоѓало на планината Скопска Црна Гора северно и над селата Раштак, Љуботен и Љубанци. Денес низ месноста тече Јазирска Река, а атарот е поделен меѓу Радишани и Љуботен во денешна Општина Бутел.
Историја[уреди | уреди извор]
Во пишаните историски документи за селото Јазирци се среќава запис во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 за Скопскиот вилает од 1452/53 година, каде за селото Јазирце е запишано дека во него живееле со 34 христијански македонски семејства кои произведувале пченица, јачмен, овес, ’рж, просо, граор, бостан, лен, овошје, одгледувале лозја, чувале свињи и пчели и работела една воденица и овошен расадник за што се остварувал севкупен обрт од приходи и давачки од 5473 акчиња[1]. Подоцна во XIV век во пописните дефтери од 1544 година Јазирци имало 65 македонски христијански семејства, а во 1568 година биле регистрирани 71 христијански семејства[1]
Иако низ историјата селото било македонско, во поновиот период во него се населиле Албанци на кои тоа им станало главно упориште од каде вршеле многу грабежи и насилства над остантите села, особено на Раштак, заради што самото село Јазирци било уништено во 1912 г. за време на Балканските војни.
Кон крајот на XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон 1900 г. во селото веќе живееле 145 Арнаути муслимани.[2]
Иако веќе било уништено, на етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Јазирце (Jazirce) како албанско село.[3] Истото го потврдува и Афанасиј Селишчев во 1929 г.[4]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Културно-историска оставнина[уреди | уреди извор]
- Јазирци — осамен наод од римското време. Во непосредната близина на селото, во 1957 година е откриена надгробна стела со латински натпис. Се чува во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Соколоски, Методија (1976). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 196.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 206
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|