Јеховини сведоци во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јеховините сведоци се христијанска религиска група во Македонија и се вбројува во малите религиски заедници. Првпат е формирана во САД во 1876 година, а за нејзин основач се смета Чарлс Расел. Името на оваа заедница се користи од 1931 година и произлегува од библискиот Јехова, кого тие го сметаат за Бог-Отец. Првите припадници на оваа религиска група во Македонија се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година. Прв конгрес одржале во селото Колешино во 1973 година. Во Скопје формирале своја група во 1968, а во 1975 година отвориле канцеларија. Оваа верска заедница била регистрирана во поранешна СФРЈ, а во Македонија е пререгистрирана во 1992 година. Во 2003 отвориле нова канцеларија, наречена Бетел.[1][2] Заедницата во Македонија публикува неколку списанија од религиски карактер и тоа: Списание „Стражарска кула” (двомесечник) „Разбудете се!” (едномесечник) и брошури и книги.[3]

Јеховини сведоци во Македонија - 2016[уреди | уреди извор]

Информации Број
Јеховини сведоци во Македонија: 1310
Собранија: 38
Број на бесплатни библиски курсеви што се водат: 1002
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт: 2856

[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В. Тимовски, Образованието и религијата, Скопје, 2005
  2. Бетел во Скопје
  3. „Јеховини сведоци - христијанска верска заедница“ (македонски). www.graganskisvet.org.mk. конс. 2010-06-14. 
  4. 2017 Yearbook of Jehovah's Witnesses, c. 176-186
  5. Јеховините сведоци ширум светот: Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]