Долно Трогерци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Трогерци
Поглед на Долно Трогерци.jpg

Влезот во селото

Долно Трогерци is located in Македонија
Долно Трогерци
Местоположба на Долно Трогерци во Македонија
Координати 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° N; 22.20306° E / 41.80556; 22.20306Координати: 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° N; 22.20306° E / 41.80556; 22.20306
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Karbinci Municipality.svg Карбинци
Население 4[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30013
Надм. вис. 400 м
Слава Спасовден
Долно Трогерци на општинската карта
Долно Трогерци во Општина Карбинци.svg

Атарот на Долно Трогерци во рамките на општината
Commons-logo.svg Долно Трогерци на Ризницата


Долно Трогерци — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на патот Штип-Кочани.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]

Селото е сместено на крајните југозападни падини на Осоговските Планини, додека на југ се протега широката долина на реката Брегалница.

До селото водат асфалтни патишта од Долни Балван, како и од штипското село Врсаково.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Долно Трогерци било село во Штипската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 533,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 123,3 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 186 жители, сите Македонци.[4] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 232 жители, а во 1994 година само шест жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Долно Трогерци живееле 4 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 186 184 332 277 232 89 23 11 6 4
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Сретселото со селската чешма и спомениците

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Три Чешми, во која покрај селото Долно Трогерци, се наоѓале и селата Батање, Врсаково, Доброшани, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци, Три Чешми и Чардаклија. Селото било дел од некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долни Балван. Во изборното место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 283 гласачи.[10]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 295 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[12]
Цркви[13]
Манастири
Споменици

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Долно Трогерци

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 109. Посетено на 30 јануари 2021.
  3. „Костадиновски во посета на карбинското село Долно Трогерци“. IDIVIDI. Посетено на 2021-01-31.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 31 јануари 2021.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 23 јануари 2021.
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. „Храмова слава во с. Горубинци – Свети Николе и с. Долно Трогерци - Штип“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Посетено на 2021-01-31.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]