Муратлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Муратлија
Поглед на Муратлија.jpg

Поглед кон остатоците од селото

Муратлија is located in Македонија
Муратлија
Местоположба на Муратлија во Македонија
Координати 41°45′3″N 22°23′13″E / 41.75083° СГШ; 22.38694° ИГД / 41.75083; 22.38694Координати: 41°45′3″N 22°23′13″E / 41.75083° СГШ; 22.38694° ИГД / 41.75083; 22.38694
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Karbinci Municipality.svg Карбинци
Област Јуруклак
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30038
Надм. вис. 940 м
Муратлија на општинската карта
Муратлија во Општина Карбинци.svg

Атарот на Муратлија во рамките на општината
Commons-logo.svg Муратлија на Ризницата


Муратлија — раселено село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова мало село се наоѓало во областа Јуруклак, во југоисточниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на западните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото било планинско, на надморска височина од 940 метри.[2]

Селото е сместено помеѓу селата Оџалија и Кучица и низ него поминува локалниот пат кој ги поврзува двете села.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Муратлија било село во Штипската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 1,2 км2.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 90 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 58 жители, сите Турци.[4]

Селото е наполно раселено во периодот по 1971 година, кога што броело 6 жители, турско население.[2]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 90 41 45 23 6 0 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Муратлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 2326 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Радање. Во изборното место се опфатени селата Кучилат, Мал Габер, Мичак, Муратлија и Радање.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 374 гласачи.[9]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 378 гласачи.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 февруари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 203. Посетено на 10 февруари 2021.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 10 февруари 2021.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 10 февруари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]