Крупиште

Координати: 41°50′32″N 22°15′1″E / 41.84222° СГШ; 22.25028° ИГД / 41.84222; 22.25028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крупиште

Улица низ селото

Крупиште во рамките на Македонија
Крупиште
Местоположба на Крупиште во Македонија
Крупиште на карта

Карта

Координати 41°50′32″N 22°15′1″E / 41.84222° СГШ; 22.25028° ИГД / 41.84222; 22.25028
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 274 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2202
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30028
Надм. вис. 300 м
Крупиште на општинската карта

Атарот на Крупиште во рамките на општината
Крупиште на Ризницата

Крупиште — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е едно од поголемите во областа, сместено во северниот дел на територијата на Општина Карбинци, а низ него поминува патот Штип-Кочани. Се наоѓа од десната страна на реката Брегалница, а неговиот атар се допира со подрачјето на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 300 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]

Селото поседува квадратна основа со прави улици, кои се асфалтирани.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на работите на хидросистемот Злетовица, при ископувањата во наоѓалиштето Грнчарица, во близината на селото Крупиште, била откриена населба од раниот неолит, при што биле пронајдени предмети и керамика чија старост е проценета на околу 6000 години п.н.е. Малку подалеку бил откриен каменот на кој првата организирана човечка заедница во Македонија ги изработувала своите орудија од кремен. На тој начин, таа се смета за најстара неолитска населба на територијата на Македонија. На истото место бил откриен скелетот, кој го добил името Славе Македонски, за кого, според анализата на коските направена на Универзитетот во Глазгов, се претпоставува дека е стар 7745 години, што го прави еден од најстарите скелети во Југоисточна Европа.[3]

На локалитетот Кале се верува дека постоел градот Равен, каде Методиј бил поставен за епископ и каде е напишана глаголицата.[4]

Во XIX век, Крупиште било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Во завршните денови од Втората светска војна, на 14 октомври 1944 година германскиот окупатор убил 49 лица од Крупиште. На тој ден биле извршени масовни убиства и во останати осум села во Штипско и Кочанско.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 425 хектари, на пасиштата отпаѓаат 391 хектар, а на шумите само 18 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти, фабрички погон и земјоделска задруга.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948478—    
1953653+36.6%
1961828+26.8%
1971755−8.8%
1981625−17.2%
ГодинаНас.±%
1991492−21.3%
1994433−12.0%
2002336−22.4%
2021274−18.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 144 жители, сите Македонци.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Крупиште преминало од големо во средно село по големина. Така, во 1961 година броело 828 жители, од кои 759 биле Македонци, 13 Срби, 9 Турци и 37 други, а во 1994 година 433 жители, од кои 410 биле Македонци, 15 Власи и 8 Турци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Крупиште живееле 336 жители, од кои 313 Македонци, 12 Турци, 10 Власи и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 274 жители, од кои 222 Македонци, 6 Роми и 46 лица без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Крупиште:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 478
1953 604 1 12 9 15 9 3 653
1961 759 0 9 13 47 828
1971 702 0 14 1 8 30 755
1981 568 0 19 2 33 1 2 625
1991 459 0 16 0 16 0 1 492
1994 410 0 8 0 15 0 0 433
2002 313 0 12 0 10 0 1 336
2021 222 0 6 0 0 0 0 46 274

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Крупиште, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Пишица и Уларци. Општината Крупиште постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Гуњовци, Крупиште, Новоселани, Пишица и Уларци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2316 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 269 гласачи.[11]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[13]
  • Кале — населба од бронзеното време и старохристијански црковен комплекс;
  • Клетовник — старохристијанска црква;
  • Над Црква — населба од неолитското време;
  • Црква Св. Никола — старохристијанска базилика и средновековна црква; и
  • Грнчарица — населба од раниот неолит.[14]
Цркви[15]
Параклиси

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи фудбалскиот клуб „14 октомври 1946“.[16]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 165. Посетено на 8 февруари 2021.
  3. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  4. „СВ. Кирил и Методиј, глаголеле глаголица во Крупиште“. Радио Штип (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-02-14. Посетено на 2021-02-09.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 февруари 2021.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 февруари 2021.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 8 февруари 2021.
  13. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 435. ISBN 9989-649-28-6.
  14. НОВИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ ЌЕ МИНУВА ПОКРАЈ РАНОХРИСТИЈАНСКИ Археолошки наоѓалишта
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. „Најди клуб“. ФФМ. Посетено на 8 февруари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]