Голем Габер
Голем Габер | |
![]() Поглед кон селото | |
Координати 41°45′02″N 22°18′14″E / 41.75056° СГШ; 22.30389° ИГДКоординати: 41°45′02″N 22°18′14″E / 41.75056° СГШ; 22.30389° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Јуруклак |
Население | 32[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30007 |
Надм. вис. | 450 м |
![]() |
Голем Габер — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на југозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри. Од градот Штип е оддалечено 13,5 километри.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Голем Габер било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 359 хектари, на шумите отпаѓаат 180 хектари, а на обработливото земјиште 101 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 400 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 180 жители, сите Турци.[4]
Селото е мало и уште во 1961 година броело само 58 жители, додека во 1994 година бројот се намалил 43 жители, турско население.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Голем Габер живееле 32 жители, сите Турци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 400 | — | 153 | 178 | 58 | 53 | 49 | 40 | 43 | 32 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Голем Габер, се наоѓале и селата Вртешка, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2327 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[9]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Џамии
Во минатото во селото постоела џамија, од која денес е зачувано само минарето.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јануари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 70-711. Посетено на 25 јануари 2021.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 25 јануари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 25 јануари 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 429. ISBN 9989-649-28-6.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Голем Габер на Ризницата ?
|