Крст (Голем Габер)
Крст — некропола од доцноантичко време. На 800 метри западно од селото Голем Габер, помеѓу ридовите Крсбаир и Батаклак, во нивите на Исмаил Ибраимов, пред околу 60 години со орањето биле откриени гробови ѕидани од тули, покриени со монолитни камени плочи, во кои скелетите биле добро зачувани, а имало и разни сатчиња. Денес на површината се забележуваат поголеми парчиња од плочи, тегули и тули.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Јумруташ — утврдување од доцноантичко време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069