Киово (Горни Балван)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градиште
археолошко наоѓалиште
Градиште is located in Македонија
Градиште
Местоположба на Градиште во Македонија
Местоположба 41°50′31″N 22°11′57″E / 41.84194° СГШ; 22.19917° ИГД / 41.84194; 22.19917Координати: 41°50′31″N 22°11′57″E / 41.84194° СГШ; 22.19917° ИГД / 41.84194; 22.19917
Основни податоци
Место Горни Балван
Општина Карбинци
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градиште).svg градиште Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Градиште или Киевоархеолошко наоѓалиште во штипското село Горни Балван. Наоѓалиштето претставува градиште од римското време и средновековна црква со некропола. На тромеѓата меѓу атарите на селата Горни Балван, Батање и Горно Трогерци се издига ридот Киово или Градиште. На врвот има зарамнето плато со димензии од околу 300 × 150 м, издолжено во правец север-југ, на кое се гледаат остатоци од темели на широки од бедем, парчиња од тули и тегули. Во неговото подножје има малку поткренато плато на кое се наоѓа црквичката Св. Јован, изградена 1948 година, и тоа врз постари темели. Според кажувањата на учесниците во работата, биле откопани и два гроба.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069