Прејди на содржината

Селски Гробишта (Аргулица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Селски Гробишта“

Карта

Местоположба 41°49′09″N 22°16′45″E / 41.81917°N 22.27917°E / 41.81917; 22.27917
Основни податоци
МестоАргулица
ОпштинаКарбинци
Тип

 могила


Период римско време
Портал „Археологија“

Селски Гробишта — могила од римско време. На самиот излез од селото Аргулица, лево од патот за селото Црвулево, во гробиштата, кои се близу до училишниот двор, има могила со пречник во основата од 26 метри и височина од 3 метри. Според И. Венедиков, овде имало две могили. Во едната, прекопана од селаните во 1943/44 година, биле најдени две копја, фрагменти од стаклени лакримариуми и други предмети.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069