Клетовник — старохристијански црква кај селото Крупиште во општина Карбинци. На околу 1 км јужно од селото се издига ридот Клетовник кој има мало зарамнето плато. Со ископувањата во 1975 година се откриени траги од архитектонски објектсо кружна форма, со пречник од 10,60 м, граден од делкани блокови и хидростатичен малтер. Според Б. Алексова, се работи за црква – мартириум.[1]