Бела Земја (Долно Трогерци)
Бела Земја — археолошко наоѓалиште во штипското село Долно Трогерци, Општина Карбинци. Претставува населба од доцноантичко време.
Се наоѓа во подножјето на ридот Киово, кој се издига близу до селото, од западната страна. Во нивата на Стојан Кузев се забележуваат фрагменти од тегули, а според информациите од сопственикот, со орање биле вадени камења и тули од темели на ѕидови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 435. ISBN 9989-649-28-6.