Лоза (Горни Балван)
Градиште или Лоза — археолошко наоѓалиште во штипското село Горни Балван. На оддалеченост од околу 1,5 километри јужно од селото, од левата страна на патот Штип-Кочани се издига висок рид што преовладува со теренот и над коритото на реката Брегалница. На највисокиот дел има расфрлени камења, парчиња од тегули и друг градежен материјал, кои претставуваат остатоци од помало утврдување. На падината на западната страна, во лозјето на ЗИК „Црвена Ѕвезда“ биле вадени камења и тули. Овде, пред Втората светска војна, Ладе Ефремов откопал питос, кој и денес го чува во својот двор.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Градиште - Киово — градиште од римско време и средновековна црква со некропола
- Градиште - Богослов Камен — утврдување од римското време;
- Лозја — осамен наод од бронзеното време;
- Горни Балван;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069