Нива на Стојко Тодоров (Козјак)
{{Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија |име=
Нива на Стојко Тодоров — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Наоѓалиштето претставува објект од римско време [1],[2].
На 400 м југоисточно од селото се наоѓа нивата на Стојко Тодоров која лежи на самиот десен брег на Козјачка Река. Во 1965 година, со земјоделските работи е откриена мала скулптурална претстава на тројна Хеката, изработена од бел ситнозрнест мермер. Подоцна, во 1967 година, Музејот од Штип извршил мало пробно ископување. Во сонда долга 10 м и широка 2 м биле откриени делови од темели на објект, ѕидани од речен камен и кал, зачувани со 2 до 3 реда ѕидарија. Освен фрагменти од керамички садови, биле најдени неколку монети од времето на Константин. Објектот му припаѓа на комплексот на античкиот град Баргала.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бандера — каструм од римското време;
- Баргала - Кале — Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време - епископски центар;
- Кадин Рид — осамен објект од римското време;
- Лскач — вила рустика од доцноантичкото време;
- Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време;
- Турски Гробишта — објект од римското време;
- Козјак;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
- ↑ Штип
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |