Прејди на содржината

Тупан Куле (Аргулица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тупан Куле

Карта

Местоположба 41°49′09″N 22°16′45″E / 41.81917°N 22.27917°E / 41.81917; 22.27917
Основни податоци
МестоАргулица
ОпштинаКарбинци
Тип

 могила


Период римско време
Портал „Археологија“

Тупан Кулемогила од римско време. Под врвот Селце од ридот Тупанец, десно од местото на кое патиштата од селата Аргулица и Карбинци се соодинуваат со патот за селото Бурилчево, има зарамнето плато, кое на западната страна се спушта кон полето. На неговиот североисточен крај има могила, прилично добро зачувана, со пречник во основата од околу 20,5 метри, висока 2 метри. Стотина метри северно од неа, лево од споменатиот пат, има уште една могила, која е речиси целосно деформирана, така што не можат ѝ се одредат димензиите. Според кажувањето на селаните, во XIX век овде имало зграда „Куле“, каде турските власти наплатувале патарина.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069