Лскач (Козјак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лскач
археолошко наоѓалиште
Лскач is located in Македонија
Лскач
Местоположба на Лскач во Македонија
Местоположба 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД / 41.80833; 22.27389Координати: 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД / 41.80833; 22.27389
Основни податоци
Место Козјак
Општина Карбинци
Тип

Археомак 2.0 графички знак (вила рустика).svg вила рустика


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Лскач археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Наоѓалиштето претставува вила рустика од доцноантичко време [1],[2].

Се наоѓа на околу 300 м североисточно од селото, од двете страни на полскиот пат[[Радање-Аргулица и во непосредната близина на наоѓалиштето Турски Гробишта. Во 1954/55 година, во нивата на Ранко и Тирос Иванови од селото Аргулица биле најдени пар чиња од поден полихромен мозаик и од стебла на столбови кои биле однесени во Народн музеј во Штип. Подоцна, во 1967 година, во истата нива, како и во нивата на Димитар Спасов од истото село, е извршено пробно ископување (В. Санев), при што делумно се откриени остатоци од темели на поголем објект - вила рустика, со мал хипокауст и префурниум. Остатоци од слични ѕидови се распознаваат и во другите делови на теренот. Објектот му припаѓа на комплексот на античкиот град Баргала.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
  2. Штип