Турски Гробишта (Козјак)
Турски Гробишта — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Наоѓалиштето претставува објект од римско време [1],[2].
Се наоѓа на излезот од селото, од левата страна на патот за Радање, во нивата на Фердо и Блаже Митеви и Дане Иванов. Со земјоделските работи биле наоѓани темели од ѕидови, поставени во различни правци, ѕидани од речен камен и кал, а покрај нив саѓи, парчиња од тегули, имбрекси и садови со една или две држалки работени на колце, по боја сивокафеави и црвеникави. Наодите им припаѓаат на станбени објекти од комплексот на античкиот град Баргала, Иван Микулчиќ ги поврзува со старохристијанска црква.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бандера — каструм од римското време;
- Баргала - Кале — Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време - епископски центар;
- Кадин Рид — осамен објект од римското време;
- Лскач — вила рустика од доцноантичкото време;
- Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време;
- Турски Гробишта — објект од римското време;
- Козјак;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
- ↑ Штип
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |