Прејди на содржината

Кула (Црвулево)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Кула“

Карта

Местоположба 41°48′36″N 22°17′43″E / 41.81000°N 22.29528°E / 41.81000; 22.29528
Основни податоци
МестоЦрвулево
ОпштинаКарбинци
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Кула — археолошко наоѓалиште во селото Црвулево општина Карбинци. Претставува градиште од доцната антика. На 1,5 км југоисточно од селото, на левата страна на [[Руљачка Река има мала височинка, дел од расклоненијата на Плачковица. На неа има две тераси поставени една под друга. На првата, која има неправилен елипсовиден облик, со димензии од 70 × 30 м, се забележуваат остатоци од темели на бедем, распоредени по нејзините рабови. Втората е поголема, со димензии од 100 × 40 м, и на неа има фрагменти од керамички садови работени на колце, питоси, тегули и друг градежен материјал[1].

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 444, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069