Беш Тепе (Карбинци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беш Тепе
археолошко наоѓалиште
Беш Тепе is located in Македонија
Беш Тепе
Местоположба на Беш Тепе во Македонија
Местоположба 41°49′00″N 22°14′15″E / 41.81667° СГШ; 22.23750° ИГД / 41.81667; 22.23750Координати: 41°49′00″N 22°14′15″E / 41.81667° СГШ; 22.23750° ИГД / 41.81667; 22.23750
Основни податоци
Место Карбинци
Општина Карбинци
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период римско време
доцна антика
Портал „Археологија“

Беш Тепе (позната и како Анче-Баргала) — градска населба од римското и доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 600-700 метри југоисточно од селото Карбинци, од левата страна на патот за селото Радање. Во времето на Втората светска војна, во нивата на Тодор Трајчев при орање била откриена плоча од варовник со латински натпис, димензии од 1,28 × 0,64 × 0,24 метри, која подоцна ја објавил И. Венедиков. Во текстот од пет реда, испишан во неправилна римска капитела, се соопштува дека во времето на императорите Валенс и Валентиниј, по наредба на Антониј Алипиј, управник на Дакија Медитеранеа, населението на градот Баргала изградило порта, во 371 година. Врз основа на овие податоци, градот Баргала е присутен во историските извори, а Венедиков го сместува на ова место меѓу атарите на селата Карбинци, Таринци и Долни Козјак, познато кај селаните уште и под имињата Градиште и Могилките. Не се знае дали градот бил заштитен со одбранбени бедеми и порта или пак споменатата порта била подигната поради одреден повод. Откривањето на плочата е дотолку интересно што овозможува дел од јужната граница на средоземна Дакија, во втората половина на IV век, да се спушти сѐ до реката Брегалница.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.