Крст (Таринци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крст
археолошко наоѓалиште
Крст is located in Македонија
Крст
Местоположба на Крст во Македонија
Местоположба 41°47′56″N 22°13′49″E / 41.79889° N; 22.23028° E / 41.79889; 22.23028Координати: 41°47′56″N 22°13′49″E / 41.79889° N; 22.23028° E / 41.79889; 22.23028
Основни податоци
Место Таринци
Општина Карбинци
Тип



Период римско време
Портал „Археологија“

Крст археолошко наоѓалиште во штипското село Таринци. Наоѓалиштето претставува могила од римско време [1],[2].. На излезот од селото, лево од патот за селото Радање има мала височинка со вештачки зарамнето плато на кое се поставени новите гробишта. На северозападниот крај на платото се наоѓале две могили. Едната била голема, со пречник во основата од 42 м и височина од 4,60 м, а другата помала, со пречник од околу 15 м и височина од 1,80 м. Наоѓалиштето и могилите се познати во литературата од археолошките ископувања. Имено, во 1942 година И. Венедиков ја истражувал малата могила и во неа открил гроб со кремиран покојник од II век. Подоцна, од 1961 до 1963 година, во организација на Музејот од Штип и под раководство на М. и Д. Гарашанин е извршено ископување на големата могила. Во средиштето на основата е откриено богато погребување на личност со висок општествен статус – кнез, од I - II век. Најдени се две клади од кои на едната бил изгорен покојникот, а на другата колата на која бил донесен. Могилите лежат во атарот на античкиот град Баргала убициран во месноста Беш Тепе - Анче кај селото Карбинци. Наодите од кнежевската могила сечуваат во Заводот и музеј во Штип.

Венедиков И., 1948, 90; Грбиќ; М., 1954, 115; Гарашанин М. и Д.,

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
  2. Штип