Врчва (Долни Балван)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Врчва
археолошко наоѓалиште
Врчва is located in Македонија
Врчва
Местоположба на Врчва во Македонија
Местоположба 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306Координати: 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306
Основни податоци
Место Долни Балван
Општина Карбинци
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Врчваархеолошко наоѓалиште во штипското село Долни Балван, Општина Карбинци. Претставува населба од доцноантичко време.

Во подножјето на северниот крај на сртот Ежов Рид, од неговата источна страна има простор од околу 5-6 хектара, малку поткренат и со широк поглед кон полето и селото. Речиси целиот е прекриен со расфрлени парчиња од тули, тегули и керамички садови работени на колце, со сива боја украсувани со орнаменти изведени со печати, кои се исфрлени на површината со перманентните земјоделски работи. Уште во педесеттите години селаните откопале две стебла од столбови, два коринтски капитела и база, сите изработени од зелен песочник, кои се чуваат во Заводот и музеј во Штип. Населбата лежи 2 км североисточно од селото, во нивата на ЗИК „Црвена ѕвезда“, некогаш сопственост на семејството Кокошкарови.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 433. ISBN 9989-649-28-6.