Црква „Св. Ѓорѓи“ - Козјак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Ѓорѓи
Св. Ѓорѓи - Козјак 0 (5).JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Карбинска
Местоположба
Координати 41°47′50″N 22°17′26″E / 41.79722° N; 22.29056° E / 41.79722; 22.29056Координати: 41°47′50″N 22°17′26″E / 41.79722° N; 22.29056° E / 41.79722; 22.29056
Населено место Козјак
Општина Карбинци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи Победоносец
Изградба IX-X век
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Ѓорѓи — црква во близина на штипското село Козјак, веднаш до археолошкото наоѓалиште Баргала.[1] Таа претставува дна од најстарите цркви во Македонија, од рано средновековниот период, која во целост е сочувана. Изградена е во 9 и 10 век и се споменува како парохиски центар во рамките на Мородвиската епископија. На ѕидовите е констатиран фрескоживопис во три слоја, од кои последниот е од 12 до 14 век, а на најстариот слој сочувни се старословенски графити.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Црква Св. Ѓорѓи (Козјак).

Постојат различни теории и претпоставки за времето на нејзиното настанување. Одредени мислења го посочуваат периодот од XI – XII век, но поголем број научници ја датираат во периодот од IX – X век, односно во времето на покрстувањето на Словените по долината на Брегалница.[2]

Од наоѓалиштето на ова место се гледа дека таа е изградена од кршен речен камен со варов малтер и со многу доцноантички сполии од Баргала. Таа е со основа на впишан крст и со купола чиј тамбур е осмостран. Нартексот е со камен свод и преку трибелонот е поврзан со наосот. По една бифора има на северната и на јужната страна. Извршените истражувања укажуваат дека во XIV век црквата е обновена, при што на јужната страна на нартексот е доѕидан параликс со квадратна основа и полукружен тамбур, горните делови на бифорите се затворени и извршено е третото по ред живописување. Од првиот слој на живопис од двете полукружни ниши, само од јужната е сочуван фрагмент од фреска на која бил претставен лик на светител. Вториот слој на живопис е датиран во третата четвртина од XIII век, од кога потекнува старата фреска од северозападниот пиластер на која, со архаичен изглед е претставен Исус Христос Антифонитис.

Третиот слој на живопис е од XIV век и, според разликите во стилските особености и уметничките квалитети, се претпоставува дека потекнува од најмалку четворица сликари. Како најуспешни се издвојуваат мајсторот што ги насликал композициите од северниот и јужниот ѕид, како и оној кој се јавува како автор на композицијата што се наоѓа јужно од влезната врата, на западниот дел, а на која е насликан непознатиот ктитор на црквата, неговата жена и син, сите во цел раст, поставени анфас и во молитвена поза.

Во внатрешноста на црквата има гроб за кој не се знае од кога потекнува, дали постоел пред нејзиното подигнување или пак некој покојник е погребан во нејзината внатрешност. Исто така околу црквата е откриена некропола со гробни дупки и камени гробни конструкции каде погребувањето се извршувало во периодот од VII па сè до втората деценија на XX век.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Расолкоска-Николовска, Црквата Св. Ѓорѓи во Горен Козјак во светлината на новите испитувања -Зборник „Кирил Солунски". Књ. I. Скопје, МАНУ 1970, стр. 222

Надворешни врски[уреди | уреди извор]