Градиште (Горно Трогерци)
Градиште — утврдување од доцноантичко време кај селото Горно Трогерци во општина Карбинци. На северниот крај од селото постепено се издига висок рид со заоблен врв од кој се шири поглед кон Овче Поле на едната страна и Злетовска Река на другата. Според кажувањето на селаните, до скоро време на висорамнинката имало остатоци од темели на широки ѕидови. Денес на површината се забележуваат парчиња од дебели тули и друг градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 432. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |