Прејди на содржината

Горни Балван

Координати: 41°50′31″N 22°11′57″E / 41.84194° СГШ; 22.19917° ИГД / 41.84194; 22.19917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горни Балван

Влезот во селото

Горни Балван во рамките на Македонија
Горни Балван
Местоположба на Горни Балван во Македонија
Горни Балван на карта

Карта

Координати 41°50′31″N 22°11′57″E / 41.84194° СГШ; 22.19917° ИГД / 41.84194; 22.19917
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 24 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30009
Надм. вис. 385 м
Горни Балван на општинската карта

Атарот на Горни Балван во рамките на општината
Горни Балван на Ризницата

Горни Балван — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Карбинци, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 385 метри. Од градот Штип е оддалечено 15 километри на север.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Горни Балван било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Во Втората светска војна, во 1944 во селото биле стрелани 26 лица од страна на Германците, за што во селото постои споменик во нивна чест.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 15 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 467,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 441,1 хектар, а на шумите само 22,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Во минатото, во селото работел ЗИК „Црвена Ѕвезда“.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948513—    
1953551+7.4%
1961451−18.1%
1971241−46.6%
1981140−41.9%
ГодинаНас.±%
199187−37.9%
199478−10.3%
200257−26.9%
202124−57.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 300 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]

Од Горни Балван се иселил значителен дел од населението, така што тоа преминало од средно во мало село. Во 1961 година селото броело 451 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 78 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Горни Балван живееле 57 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 17 Македонци и 7 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 448 513 551 451 241 140 87 78 57 24
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поранешното основно училиште
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Горни Балван, се наоѓале и селата Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото припаѓало на Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2318 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште. Во избирачкото место е опфатено и селото Горно Трогерци.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Јован Крстител“
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Богослов Камен — утврдување од римското време;
  • Градиште - Киово — градиште од римското време и средновековна црква со некропола
  • Лоза — утврдување од римското време; и
  • Лозја — осамен наод од бронзеното време.
Цркви[16]
Споменици

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Горни Балван

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 74. Посетено на 27 јануари 2021.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 јануари 2021.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 јануари 2021.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 јануари 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 429. ISBN 9989-649-28-6.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]