Кепекчелија

Координати: 41°46′47″N 22°20′15″E / 41.77972° СГШ; 22.33750° ИГД / 41.77972; 22.33750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кепекчелија

Поглед кон селото

Кепекчелија во рамките на Македонија
Кепекчелија
Местоположба на Кепекчелија во Македонија
Кепекчелија на карта

Карта

Координати 41°46′47″N 22°20′15″E / 41.77972° СГШ; 22.33750° ИГД / 41.77972; 22.33750
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 12 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30024
Надм. вис. 830 м
Кепекчелија на општинската карта

Атарот на Кепекчелија во рамките на општината
Кепекчелија на Ризницата

Кепекчелија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во повисокиот југоисточен дел на територијата на Општина Карбинци, на северозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 830 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 18 километри.[2]

Во 2020 година, пристапниот пат до селото, кој се двоел од регионалниот пат Р2431 бил целосно асфалтиран.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кепекчелија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 5,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 314 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 48 хектари, додека површини под пасишта нема.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948102—    
1953119+16.7%
196118−84.9%
19717−61.1%
19815−28.6%
ГодинаНас.±%
19919+80.0%
19946−33.3%
20029+50.0%
202112+33.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 185 жители, сите Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 52 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]

Селото е сосем мало, коешто во 1961 година броело 18 жители, од кои 11 биле Турци, а пет жители Македонци, а во 1994 година бројот се намалил на 6 жители, турско население. Селото е на пат целосно да се расели.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кепекчелија живееле 9 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Турци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 185 102 119 18 7 5 9 6 9 12
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Куќа во селото

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Кепекчелија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2329 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Калаузлија. Во избирачкото место се опфатени селата Јунузлија, Кепекчелија и Калаузлија.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 149. Посетено на 5 февруари 2021.
  3. „Во тек се градежните активности во рамки на проектот "Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци" - Центар за развој на источен плански регион на Македонија“. arhiva.eastregion.mk. Посетено на 2021-02-01.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 февруари 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 февруари 2021.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 5 февруари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]