Батање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Батање
Батање is located in Македонија
Батање
Местоположба на Батање во Македонија
Општина Општина Карбинци
Население 2 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 789 м
Батање на општинската карта
Батање во Општина Карбинци.svg

Атарот на Батање во рамките на општината


Батање — село во Општина Карбинци, во околината на градот Штип.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото е основано е како српска колонистичката населба Нова Батања во 1920 г. а наречено по гратчето Батања (Батоња) во округот Бекеш, Унгарија. Населбата во почетокот на нејзиното формирање добро се развивала и станала центар на Овче Поле, но подоцна поради низа причини, населбата целосно се запустила и колонизаторите се вратиле назад. Веќе во 1929 година населбата немала ниеден жител. Во 1931 година бил вториот бран на населување, но и тој не поминал. Голем удел имале и зачестените напади на ВМРО кон колонистите.[1] По Втората светска војна останатите колонисти се иселуваат и на нивно место се населуваат луѓе од Кратовско, Злетовско и други места, сочинувајќи го денешното село Батање, кое е изведенка од Батања.

Колонистичката населба Нова Батања, во почетокот на нејзиното формирање добро се развивала и станала центар на Овче Поле. Првите проблеми биле во тоа што куќите и нивните кровови почнале да распукнуваат, а причината за тие несреќи лежела во тоа што материјалот со кој sидале бил направен од проста набиена земја и гранки, која кога се сушела се распаѓала. Затоа колонистите во Нова Батања побарале од Министерството за аграрна реформа да им направи куќи од камен и цигла. Во 1924 година како карактеристичен тип на колонистичка населба, Нова Батања била сместена помеѓу Овче Поле на северозапад и Ежово Поле на југозапад. Блиската околина на Нова Батања била доста сува, без шуми и без површински теченија. Во летниот период деновите овде биле многу топли, а ноќе не се чувствувала никаква свежина. Атмосферските врнежи се движеле од 400-500 мм. годишно и била една од најсушните области на Балканот. Нова Батања била изградена на утрините на околните села: Долно Трогерци, Горни и Долни Балван, а била подигната во периодот од мај до ноември 1924 година. Спрема видот селото спаѓало во типот на панонско-војводински села од плански карактер. Куќите во форма на правоаголник спаѓале во војводинскиот тип и имале по две соби и кујна.

Првата поголема група колонисти пристигнала во Нова Батања во текот на летото 1924 година, а други групи пристигнале кон крајот на летото и есента. До почетокот на наредната година во Нова Батања биле населени 163 колонистички домаќинства со околу 800 жители. Од доселените најповеќе имало Срби-оптанти од Унгарија, од околината на Сегедин, а имало колонисти и од околината на Сомбор и Кикинда. Колонистите од оваа населба добивале земјиште во просек од 10-12 хектари, а поради неплодноста на земјата, тие добивале земјишта и во атарот на селата Мустафино, Сарчиево, Уларци, Крупиште и други села. Водата била најголем проблем, бидејќи и покрај бушењето на бунари при подигањето на населбата водата од нив не избивала на површината, така што колонистите вода морале да полнат од околните села. Поради новиот начин на обработка на земјата и немањето доволно земјоделски алати за обработка, голем дел од земјата колонистите ја издавале под закуп на македонски селани. Покрај земјоделство, колонистичките семејства во Батања делумно се занимавале и со сточарство, при што одгледувале коњи, свињи и гуски. Со цел да ги надоместат загубите од земјоделството, жителите на Нова Батања со интервенција на локалните власти отвориле 6 кафеани во населбата и трговски и занаетчиски работилници, а било установено и седиште на општина и училиште.

Лошиот квалитет на водата за пиење, зимските студови, летните горештини, слабата исхрана и други фактори придонеле колонистите масовно да заболуваат од заразни болести: маларија, цревни заболувања и друго. Тоа било причина во текот на 1926 година да започнат поединечни раселувања во Војводина и Србија, така што кон крајот на 1928 година во населбата останале само 18 колонистички семејства. Во 1931 година започнала нова фаза во колонизирањето на Нова Батања.

Колонизацијата во Брегалничката област во 1924 година западнала во длабока криза. Постоечката колонизациона криза не ја криеле ниту белградските средства за јавно информирање, кои со своите статии го критикувале режимот за неуспехот на колонизацијата. Белградската влада била критикувана затоа што за населбата Нова Батања потрошила 5 милиони динари, а сепак нејзините жители не успеале да се снајдат во земјоделството. Овие колонисти немале ни српско национално чувство и се изјаснувале за Унгарци или Германци и затоа се барало нивно иселување и населување на Брегалничката област со „вистински Срби“.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]

Националност Вкупно
Македонци 1
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 0

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Палешутски, Костадин (1983). Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 - 1941. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 26. http://www.promacedonia.org/kp_b/kp_b_1.html. посет. 30 януари 2014 г г. 
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]