Прејди на содржината

Тодор Мицов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тодор Мицов (роден на 12 јуни 1949 ) — македонски поет, критичар и писател за деца.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Мицов е роден на 12 јуни 1949}} година, во Калиманци, Виничко. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи во ДНИГД „Трибина македонска“, Скопје, како главен и одговорен уредник на агро-списанието „Трибина“. Тој станал член на ДПМ во 1975 година. Автор е на книгите: „КУД „Григор Прличев““, (монографија, 1980), „Крепости“ (поезија, 1982), „Збор и слика“ (поезија, 1988), „Од 1 до 101“ (поезија, 1990), „Скалила“, (поезија, 1992). „Деца деца... Ах деца!“ (поезија за деца, 1993), „Кратки фолкорни жанри од Виничко“ (1999), „Приказни“ (рецензии за фолклорни и етнолошки изданија, 1999), „Разговори“ (1999), „Мали мудрости“ (афоризми, 2000).

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 166 - 167.