Прејди на содржината

Концертен дом (Берлин)

Координати: 52°30′49″N 13°23′32″E / 52.51361° СГШ; 13.39222° ИГД / 52.51361; 13.39222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нацрт на Карл Фридрих Шинкел. Бакрорез, 1830
Концертниот дом во 2005 г.

Концертниот дом - Берлин (герм. Konzerthaus Berlin, некогашен Schauspielhaus Berlin - „Драмски театар - Берлин“) — концертна сала на плоштадот Жандарменмаркт во централното градско подрачје на Берлин. Од 1994 г. ова здание е седиште на Оркестарот при Концертниот дом - Берлин (Konzerthausorchester Berlin).

Претходниот објект за оваа намена бил Националниот театар во реонот Фридрихсштат кој во 1817 настрадал во пожар. Театарот бил дело на Карл Готхард Лангханс, отворен во 1802 г. Проектирањето на новото здание му припаднало на Карл Фридрих Шинкел, кој ги изработил нацртите во периодот помеѓу 1818 и 1821 г. Така, „Кралскиот драмски театар“ (Königliches Schauspielhaus) бил свечено отворен на 18 јуни 1821 г. со премиера на операта „Волшебниот стрелец“ од Карл Марија фон Вебер. Други позначајни премиери во овој театар се „Удине“ од Е.Т.В. Хофман (1816), „Пентесилеја“ од Хајнрих фон Клајст (1876) и „Вознесението на Ханела“ од Грхарт Хауптман (1893).

По завршувањето на Првата светска војна, во 1919 г. театарот продолжил да работи под името „Пруски покраински театар - Берлин“ (Preußisches Staatstheater Berlin). Под директорската надлежност на Леополд Јеснер, театарот набргу станал еден од водечките театри во Вајмарската Република, традиција која ја продолжил Густав Гриндгенс по доаѓањето на националсоцијалистите во 1933. Во овој период Гриндгенс се истакнал со приредувањето на ГетеовиотФауст“ и премиерата на трагедијата „Ифигенија во Делфи“ од Герхарт Хауптман (1941).

Во Втората светска војна театарот бил тешко оштетен во бомбардирањата на Сојузните сили и Битката за Берлин. Во периодот 1977-1984 објектот е сосем обновен, и отворен како концертна сала на Берлинскиот филхармониски оркестар. Надворешноста, со бројни скулптури на композитори од Кристијан Фридрих Тик и Балтазар Јакоб Ратгебер, е верна реконструкција на Шинкеловите нацрти, а пак внатрешноста е преработена во неокласичен стил, прилагодена за новата намена. Главната сала е опремена со велелепни оргули со 74 регистри и 5.811 цевки.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

52°30′49″N 13°23′32″E / 52.51361° СГШ; 13.39222° ИГД / 52.51361; 13.39222