Сојуз на бугарските уставни клубови
Соjузот на бугарските уставни клубови (бугарски: Съюз на българските конституционни клубове) — политичка партија создадена во Отоманското Царство после Младотурската револуција од членови на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација кои преминале во легалност. Постои малку повеќе од една година, од септември 1908 до ноември 1909 година. Основен политички противник им е Народната федеративна партија (Бугарска секција).
Создавање, цели и идеи
[уреди | уреди извор]Од 7 до 13 септември во Солун се спроведува основачкиот конгрес на Соjузот на бугарските конституциони (уставни) клубови. На него присуствуваат 72 претставника на македонската бугарска буржоазија и само двајца земjоделци, еден занаетчија и еден работник. Се прифаќаат програмата и уставот на организацијата во коишто јасно се изнесени неjзините цели:
„ | Бугарскиот конституционен клуб има за цел: а) да спроведува граѓанско и политичко воспитување на бугарскиот народ во духот на конституционите (уставните) слободи – локално самоуправување во Македонија и Одринско; б) да ја чува и развива бугарската народна култура. | “ |
За членови на Централното биро се избрани Тома Карајовов, Владимир Руменов, Тодор Лазаров, а основачи се уште и Георги Кулишев, Георги Баждаров, Кирил Прличев, Андон Димитров, Христо Батанџиев, Симеон Радев и др. Христо Татарчев отворено го поддржува СБКК иако не учествува во неговата работа. После изборите на 25 октомври, СБКК внесува во парламентот два пратеника – Тодор Павлов од Скопjе и Панчо Дорев од Битола. Весникот „Отечество“ (Татковина) служи за разјаснување на идеите на политичката организација. Во број 43 од 18 јули 1909 година во статијата посветена на Илинденското востание се вели:
„ | Десетти јули [„huruet“], тоа е епилог на Илинден; Илинден, тоа е наj-торжествениот акт на величествената македонска револуционерна драма. Без Илинден не би имало 10 јули. Последната дата е општоосманска. Илинден е наш, на Бугарите.“ | “ |
СБКК во своите програмски документи главно се залага за колективните права на одделните не-турски народности во империјата, аграрни и социјални реформи со цел за подобрување на положбата на христијанското население. Силно се акцентира автономијата на Македонија и Одринско, како и важната обединувачка улога на Бугарската егзархија како православна црква на сите тамошни Бугари. Организацијата се спротивставува на масовното колонизирање на македонските земjи со муслимански населеници.
Весникот „Работническа искра“, чиј уредник е Васил Главинов во бр.4 (Битола, 5.11.1909), во уводната статија „Партиите и работниците“ дава своја одлика на Сојузот на бугарските конституционии клубови:
„ | ... Бугарската македоно-одринска конституциона партија ги претставува интересите на трговците и индустријалците, на фабрикантите и заможните еснафи, кои утре ќе се преобразат во индустријалци и големи трговци, на предприемачите, селските заможни стопани и лихвари - со еден збор, на класата која се нарекува граѓанска или буржоаска класа. Како партија на таа класа, која е националистичка, која сака да се соедини со своите браќа во Бугарија, Бугарската македоно-одринска конституциона партија е исто така националистичка и со сите свои стремежи и идеали на бугарската буржоазија во Македонија и Одринско"... | “ |
Извори
[уреди | уреди извор]- Аграрните односи во Македонија во XIX и почетокот на XX век, Христо Христов, Софија, 1964 г.[мртва врска]
- Георги Баждаров, Моите спомени
- Антони Гиза, Балканските држави и македонското прашање
- Електронска енциклопедија „Историја на Бугарија“, ИК Труд, Сирма, 2003