Козма Пречистански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Kozma of Debar.JPG
Роден 1835
Орланци, Македонија
Починал 11 јануари 1916
Кичево, Македонија

Козма Пречистански или Дебарски е егзархиски свешеник на Бугарската Егзархија и дебарски митрополит, со потекло од Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е со световното име Константин околу 1835 година во кичевското село Орланци, тогаш во Отоманската империја. Студирал во Велес при Јордан Хаџи Константинов-Џинот, а потоа во Крушево, во Битола при Рајко Жинзифов и во Скопје. Станува јероѓакон во кичевска манастир, потоа архимандрит, а од 1873 година и игуменот на манастирот. Спроведува реформи во манастирското училиште и води борба против грчкото влијание.

Писмо на архимандрит Козма како председател на Солунската егзархиска општина до Никола Алексиев.

Во 1874 година е наклеветен од гркоманите пред турските власти и е заточен во Света Гора. Ослободен е во 1876 година и станува архивар и ефимериј при Бугарската Егзархија во Цариград. По ослободувањето на Бугарија во 1878 година станува егзархиски намесникот во главниот град на Источна Румелија, Пловдив.

На 7 април 1878 година, потпишал за Дебарска епархија (заедно со Димитар Попов за Костурско и Мегленско, Наум Спространов за Охридско и архимандрит Теодосиј за Драмско и Серско), барање до големиот кнез Николај Николаевич, во кое се отфрлаат тврдењата за грчкиот карактер на населението во Македонија и се бара влез на руски војници во Македонија:

Победоносното руско оружје, го ослободи толку долго угнетуваниот, под турско ропство, несреќен наш бугарски народ, го задолжи навека... Македонските Бугари, лишувајќи се од непосредната заштита на своите ослободители... со сета своја посветеност [ги] очекуваат во својата татковина... Поради тоа се осмелуваме да му соопштиме на Вашето императорско височество, дека некои недобронамерници на бугарскиот народ, кои се состојат во поголем дел од грчки архиереи, се обидуваат насилно да собираат потписи и да докажуваат, дека жителите на Македонија, кои според Санстефанскиот договор влегоа во Бугарското кнежество, се состојат главно од Грци ... [1][2][3].

Во 1881 година егзархиски намесникот Методиј Кусев успеал да ја добие помошта на драгоманот при руското конзулатство во Солун, Наум Спространов, за да може архимандрит Козма Пречистански да биде избран за претседател на Солунската општина[4]. Козма се преселил во Солун, каде што 7 години предавал во новооснованата Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Од 1888 до 1897 година е на чело на општините во Дебар и Битола. На 21 декември 1897 година е избран за Дебарско митрополит, позиција на која останал до 1913 година, кога е избркан од новите српски власти.

Во текот на Првата светска војна, кога бугарската војска навлегла во Вардарска Македонија, Козма од Дебарско се вратил во својата епархијата. Починал во 1916 година во Кичево. [5][6].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Молба от представители на българската църква, изпратена от Цариград до Николай Николаевич, за незабавно навлизане на руските освободителни войски в Македония
  2. Освобождение Болгарии от турецкого ига. Т. III, Москва, 1967, 79–80.
  3. Македония. Сборник от документи и материали. София, 1978, стр. 335–336.
  4. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 11.
  5. Енциклопедия България, том 3, Издателство на БАН, София, 1982.
  6. Иван Михайлов. Как се бранеше народа. В Кичево