Северна Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Северна Македонија е регион во границите на Република Македонија, кој се протега на исток до границата со Бугарија, на север до границата со Србија, на запад до планината Скопска Црна Гора, а на југ до регионот Источна Македонија.

Релјефно планините и котлините во овој регион припаѓаат на старите грамадни планини од родопскиот систем, а реките во најголем дел припаѓаат на егејскиот слив, а помал дел и на јадранскиот. Најголеми реки во регионот се Пчиња и Крива Река.

Во овој регион спаѓаат градовите Скопје, Куманово и Крива Паланка, како и етно-географската област Козјачија помеѓу нив. Според македонските дијалектолози кои кратовските говори ги вбројуваат во северно-македонското наречје, и според регионалната поделба на Заводот за статистика, во регионот Северна Македонија спаѓа и градот Кратово.

Поврзано[уреди | уреди извор]