Востание на капетанот Дедо Никола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Востанието на капетанот Дедо Никола е востани од 1853 година кое избувнало во великотрновската и габровската област во Бугарија, која била под власта на Османлиската империја. Населението било оргазнизирано од страна на Никола со помош на Петко Славејков, Никола Козлев и Петар Кисимов. Целта на востанието била најпрвин да се заземе еден конак во Трново, од каде би започнало востанието. Сепак, востаниците биле издадени. На 31 јули истата година кај Лесковскиот манастир се собрале неколку чети, кои биле разбиени од османлиската војска. Водачот на востанието бил фатен и убиен.