Имамзаде Халил-паша
| Османчишки Имамзаде Халил Паша | |
|---|---|
| Голем везир на Отоманското Царство | |
| На должноста 18 декември 1406 – 1413 | |
| Монарх | Мехмед I |
| Претходник | Чандарли Али-паша |
| Наследник | Бајазит-паша |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | Османчик, Турција |
| Националност | Османлија |
| Вероисповед | ислам |
Имамзаде Халил-паша, познат и како Османчишки Имамзаде Халил-паша, (починал во 1413 ) — отомански државник, кој бил Голем везир во периодот од 1406 до 1413 година.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Имамзаде Халил-паша се родил во Османџик, во северниот дел на Анадолија, како син на Хајдар-паша.
Во 1402 година, средноазискиот владетел Тамерлан со огромни сили навлегол во Анадолија и тешко ја поразил отоманската војска во Битката кај Ангора. Султанот Бајазит I бил заробен и починал во заробеништво следната 1403 година.
По заробувањето и смртта на султанот Бајазит I, неговите сунови Сулејман, Муса, Иса и Мехмед започнале меѓусебна борба за власта.
Имамзаде Халил-паша најпрво ја извршувал функцијата беглербег на Анадолија, а на 18 декември 1406 година, султанот Мехмед I го назначил за Голем везир.
Неговиот син, Коџа Мехмед Низамудин-паша, исто така ја извршувал функцијата Голем везир.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 9.
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Чандарли Али-паша |
Голем везир 18 декември 1406 - 1413 |
Наследник Бајазит-паша |