Тархунџу Ахмед-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тархунџу Ахмед-паша (починал на 21 март 1653 година) — албански државник и голем везир на Отоманското Царство од 20 јуни 1652 година до 21 март 1653 година, кога бил погубен поради економските реформи кои ги започнал.

Тархунџу Ахмед-паша бил роден во северна Албанија во почетокот на 17 век.[1] Тој првично бил трговец на естрагон (тархунџу) пред да се вклучи во служба на отоманскиот управен апарат. Тој бил управител на Египет пред да постане везир. За време на неговото кусо опстојување како главен везир во средината на владеењето на султанот Мехмед IV (r. 1648–1687), тој се обидел да го запре застојот и да ја реформира отоманската бирократија. Тархунџу Ахмед-паша бил првиот главен везир кој давал предлог буџет за наредната година. Сепак, неговите реформи биле закана за конзервативните сили во отоманската елита, кои успеале да предизвикаат тој да биде погубен на 21 март 1653 година ширејќи лажни вести дека тој ќе се обидел да го симен од власт султанот. ова придонело реформите да бидат во застој уште неколку години.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Truhart, Peter (1985). Regents of nations: systematic chronology of states and their political representatives in past and present; a biographical reference book. Saur. стр. 2179. ISBN 978-3-598-10493-0. Посетено на 27 September 2010.
  • Stanford Jay Shaw, History of the Ottoman Empire and modern Turkey, vol. 1, Empire of the Gazis: The Rise and decline of the Ottoman Empire, 1280–1808 (Cambridge: Cambridge University Press, 1976), 205-206.
Политички функции
Претходник
Мостарли Мустафа-паша
Отомански управител на Египет
1648–1651
Наследник
Хадим Абдураман-паша
Претходник
Ѓурчу Мехмед-паша
Голем везир
20 јуни 1652 – 21 март 1653
Наследник
Коџа Дервиш Мехмед-паша