Хаџи Халил-паша
| Хаџи Халил Паша | |
|---|---|
| Голем везир на Османлиското Царство | |
| На должноста 21 август 1716 – 26 август 1717 | |
| Монарх | Ахмед III |
| Претходник | Силахдар Дамат Али-паша |
| Наследник | Нишанџи Мехмет-паша |
| Лични податоци | |
| Починал(а) | 1733 Крит, Критски Пашалак, Османлиско Царство |
| Националност | Османлија |
| Народност | Албанец |
| Воена служба | |
| Битки/војни | Австриско-турска војна (1716–1718) |
Хаџи Халил-паша (турски: Hacı Halil Paşa) ― османлиски голем везир. Неговиот епитет Хаџи значи „аџија“.
Рани години
[уреди | уреди извор]Тој бил со албанско потекло, роден во Елбасан[1] и се издигнал низ Бостанџискиот корпус. Во 1694 година, тој поднесол оставка и отишол во Багдад како подреден на управникот на Багдад. Во 1711 година бил унапреден во севкупна команда на Бостанџискиот корпус (Бостанџибаши) и во 1716 година на функцијата беглербег на Ерзурумскиот Пашалак. Сепак, тој не служел во Ерзурум поради избувнувањето на Австриско-турската војна од 1716–1818 година, и бил прекомандуван да служи во Белград.[2]
Голем везир
[уреди | уреди извор]За време на одлучувачката Битка кај Петроварадин на 5 август 1716 година, бил убиен големиот везир Силахдар Али-паша. По предлог на командантите, султанот го назначил Халил-паша за нов голем везир. Следната година тој водел кампања за помош на Белград, кој бил опколен од австриската војска. Меѓутоа, Ежен Савојски Австриски го поразил Халил-паша и го зазел Белград. По овој пораз тој бил разрешен од функцијата на 26 август 1717 година.
Подоцнежни години
[уреди | уреди извор]Иако бил осуден на смрт, тој се сокрил во Константинопол. На 7 јуни 1720 година бил откриен, но со помош на неговите соборци бил помилуван. Во 1727 година, тој станал управник на Егрибозкиот Санџак во средна Грција, а следната година бил назначен за управник на Крит, каде што починал во 1733 година.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Elena Kocaqi (2006). Albanët me famë në mijëvjeçarë (3. изд.). Globus R. стр. 186. ISBN 9789994336326.
- ↑ „Ottoman page“ (турски). Архивирано од изворникот на 2018-12-28. Посетено на 2022-09-03.
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Силахдар Али-паша |
Голем везир на Османлиското Царство 21 август 1716 – 26 август 1717 |
Наследник Нишанџи Мехмет-паша |