Ќор Јусуф Зијаудин-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ќор
Јусуф Зијаудин
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
25 октомври 1798 – 21 април 1805
Монарх Селим III
Претходник Изет Мехмед-паша
Наследник Хафиз Исмаил-паша
На должноста
1 јануари 1809 – 11 мај 1811
Монарх Махмуд II
Претходник Чавушбаши Мемиш-паша
Наследник Лаз Ахмед-паша
Лични податоци
Починал(а) 1819

Ќор Јусуф Зијаудин-паша, познат и како Јусуф Зија-паша и Јусуф Зијадин-паша Слепиот (п. 1819) — отомански државник од грузиско потекло,[1] кој во два наврати бил голем везир на Отоманското Царство: првиот пат од 1798 до 1805 година и вториот пат од 1809 до 1811 година.[2] Пред, помеѓу и по неговата служба како голем везир, тој заземал бројни други државни служби како управител на провинции и окрузи низ царството. Како голем везир, тој ги предводел отоманските копнени сили против француската војска во отоманското освојување на Египет, а подоцна бил војсководец и во отоманските војни против Русија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Sicill-i-Osmani".
  2. Somel, Selcuk Aksin (2010). The A to Z of the Ottoman Empire. Scarecrow Press, Inc. стр. xxxi–xxxii.