Хадим Синан-паша

From Википедија
Jump to navigation Jump to search
Хадим
Синан Боровиниќ
Паша
Голем везир на Отоманската империја
На должноста
26 април 1516 – 22 јануари 1517
Монарх Селим I
Претходник Ахмед-паша Херцеговиќ
Наследник Јунус-паша
Лични податоци
Роден(а) Босански санџак
Починал(а) 22 јануари 1517
Рајданије, Египет
Сопружник ќерка на Бајезид II
Вероисповед Суни Ислам
Воена служба
Битки/војни Османско-мамелучка војна: во Чалдиран, Марџ Дабиг, Јаунис хан и Битка кај Рајданије

Хадим Синан-паша (турски: Hadım Sinan Paşa, „Синан-паша Евнухот“; исто така познат како Синан-паша Боровиниќ; п. 22 јануари 1517) — отомански државник и Голем везир.

Живот[edit | edit source]

Потекло и ран живот[edit | edit source]

Според документите, благородничкото семејство Боровиниќ биле од Источна Босна.[1] Неговиот наследник Твртко Боровинич (1417–46) бил близок роднина на босанскиот војвода Радослав Павловиќ, кому му служел.

Санџак-бег[edit | edit source]

Од декември 1496 година бил санџак-бег на Босна.[2] Од 1504 до 1506 бил санцак-бег на Херцеговина.[3] Во 1507–08 ја проширил џамијата во Мостар изградена во 1473 година од поранешниот Синан-паша кој бил првиот санџак-бег на Херцеговина.[4] Потоа бил санџак-бег на Смедерево помеѓу 1506 и 1513 година.[5]

Беглербег и Голем везир[edit | edit source]

Во 1514 година бил беглербег на Анадолија. Во битката кај Чалдиран против сефевидска Персија бил поставен за главен на десното крило. По битката бил поставен како беглербег на Румелија, попрестижно место од претходното.[6] Негова следна мисија било освојувањето на Дулкадирид, денес во јужна Турција. Го поразил Бозкур од Дулкадирид во битката на Турнадаѓ. По освојувањето, Селим I го назначил за Голем везир на 25 април 1516 година. Синан бил омилениот везир на Селим. Бил активен во освојувањето на Сирија и Египет. На 28 октомври 1516 година ја поразил египетската мамелучка војска во Кан Јунис, близу Газа, Палестина.[7] Следната година се борел во битката кај Рајденије во Египет на 22 јануари 1517 година. Со отоманската традиција во борбите, султанот бил скоро секогаш во средиштето. Но, битката кај Рајденије била исклучок. Селим I одлучил самиот да ги заокружи Мамелуците и го назначил Синан во средиштето. Планот бил успешен и Мамелуците биле поразени. Меѓутоа, пред да заврши битката, Мамелуците го нападнале отоманското средиште и го убиле Синан, мислејќи дека бил султанот.[8] По битката, Селим ја изразил својата жал, велејќи „Ја освоивме битката, но го изгубивме Синан“.

Семејство[edit | edit source]

Се оженил со ќерката на Бајазит II (р. 1481–1512).[1]

Поврзано[edit | edit source]

Наводи[edit | edit source]

  1. 1,0 1,1 Osmanlı tarihi. Türk Tarih Kurumu. 1983. стр. 541. http://books.google.com/books?id=USBpAAAAMAAJ. 
  2. Naučno društvo Bosne i Hercegovine: Odjeljenje istorisko-filoloških nauka. 1960. http://books.google.com/books?id=2LJOAQAAIAAJ. 
  3. Gazi Husrevbegova biblioteka u Sarajevu (1983). Anali Gazi Husrev-begove biblioteke. Gazi Husrev-begova biblioteka. стр. 34. http://books.google.com/books?id=GggQAQAAMAAJ. 
  4. Hivzija Hasandedić (1980). Spomenici kulture turskog doba u Mostaru. Veselin Masleša. http://books.google.com/books?id=H6IMAAAAIAAJ. 
  5. Evliya Çelebi; Hazim Šabanović (1996). Putopisi: odlomci o jugoslovenskim zemljama. Sarajevo-Publishing. стр. 516. http://books.google.com/books?id=029pAAAAMAAJ. 
  6. Ayhan Buz:Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009 ISBN 978-975-254-278-5 p 33
  7. Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi cilt I (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 275
  8. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 248-249
Политички функции
Претходник
Ахмед-паша Херцеговиќ
Голем везир на Отоманската империја
26 април 1516 — 22 јануари 1517
Наследник
Јунус-паша