Сијавуш-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Абаза
Сијавуш
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
5 март 1656 – 25 април 1656
Монарх Мехмед IV
Претходник Зурназен Мустафа-паша
Наследник Бојнујарали Мехмед-паша
На должноста
21 август 1651 – 27 септември 1651
Монарх Мехмед IV
Претходник Мелек Ахмед-паша
Наследник Ѓурчу Мехмед-паша
Лични податоци
Починал(а) 25 април 1656
Истанбул, Турција
Националност Отоманец
Сопружник Сафије Султана

Сијавуш-паша (починал на 25 април 1656) — отомански голем везир во Отоманското Царство.

Тој по потекло бил Абазин и слуга на Абаза Мехмед-паша, кој бил водач на побуната во 17 век против Отоманското Царство. По погубувањето на неговиот господар, тој започнал да служи во палатата во Истанбул. Во 1638 година, тој бил унапреден во везир, и во 1640 година, тој бил назначен за капудан-паша (главен адмирал). Во 1642 година, бил задолжен повторно да ја освои тврдината во Азов (денешна Русија) од козаците, но не успеал. По ова тој бил назначен за управител на повеќе градови меѓу кои се Ерзурум, Дијарбакир (денес во Турција) и Силистра (во денешна Бугарија). На 5 март 1651 година, тој бил поставен за голем везир по побуната на трговците во Истанбул. На 27 септември, не помалку од месец од неговото назначување тој бил разрешен и требало да биде погубен кога по молба на султаната Косем бил поштеден. Тој бил назначен за уравител на Босна. Иако Сијавуш-паша повторно бил назначен за голем везир на 5 март 1656 година, починал многу скоро на 25 април 1656 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Мелек Ахмед-паша
Голем везир
21 август 1651 – 27 септември 1651
Наследник
Ѓурчу Мехмед-паша
Претходник
Зурназен Мустафа-паша
Голем везир
5 март 1656 – 25 април 1656
Наследник
Бојнујарали Мехмед-паша

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul,2009, ISBN 978-975-254-278-5, p109