Прејди на содржината

Јирмисекизаде Мехмед Саид-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мехмед Саид во Стокхолм како амбасадор во 1733 година, од Георг Енгелхард Шредер (сега во Музејот Пера).
Мехмед Саид (тогаш ефенди) во Париз како амбасадор во 1742 година, од Жак Авед (сега во Версајскиот музеј).
Мехмед Саид во Париз во 1742 година, од Шарл-Антоан Којпел.

Јирмисекизаде Мехмед Саид-паша (починал во октомври 1761 година), порано во својот живот познат како Мехмед Саид Ефенди (понекогаш наречен Сахид Мехемет-ефенди во Франција), ― османлиски државник и дипломат. Бил голем везир на Османлиската Империја од 25 октомври 1755 година до 1 април 1756 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој бил син на Јирмисекиз Мехмед Челеби, амбасадор на Османлиската Империја во Франција во 1720–21 година. Тој веќе го придружувал својот татко за време на оваа прва мисија како негов личен секретар. Се вели дека тој неверојатно уживал во француската култура и начин на живот, а на крајот течно зборувал француски.[2]

Мехмед Саид бил испратен за во амбасада во Париз во 1742 година, како и во друга историски позначајна во Шведска во 1733 година и во Полска, што довело до тоа да напише сефаретнаме (амбасадска книга) како неговиот татко.[3] Во Шведска, тој го наследил Мустафа-ага како амбасадор.[4]

Мехмед Саид бил од грузиско[1] потекло преку неговиот татко. Неговиот епитет Јирмисекизаде, што значи „син на дваесет и осум“ на турски, е упатување на епитетот на неговиот татко Јирмисекиз („дваесет и осум“), упатување за членството на Јирмисекиз Мехмед Челеби во 28-от јаничарски баталјон (орта), рано во неговиот живот.

Приемот на Мехмед Саид, тогашен амбасадор во Полска, во Собирната сала во Кралскиот замок, Варшава во 1731 година (слика во акварел од Јоаким Даниел фон Јаух).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, стр. 60.
  2. East encounters West by Fatma Müge Göçek стр. 69-70
  3. East encounters West by Fatma Müge Göçek стр. 85
  4. Imber, стр.53

Дополнителна книжевност

[уреди | уреди извор]
  • Фатма Муге Гочек. East encounters West: France and the Ottoman Empire in the eighteenth century. Oxford University Press US, 1987 година ISBN 0-19-504826-1
  • Колин Имбер, Кеико Кијотаки, Роудс Марфи. Frontiers of Ottoman studies: state, province, and the West. IBTauris, 2005 ISBN 1-85043-664-9
Политички функции
Претходник
Силахдар Бијикли Али-паша [tr]
Голем везир на Османлиската Империја
25 октомври 1755 – 1 април 1756
Наследник
Ќосе Бахир Мустафа-паша
Претходник
Садедин-паша ал-Азм
Османлиски управник на Египет
1757–1758
Наследник
Ќосе Бахир Мустафа-паша